Кога не може со полицијата, пребрзото возење да се запира со физички пречки

Колумна на Пеце Лозанов: 

Почетокот на оваа година започна со голем број на сообраќајни незгоди, тоа ја алармираше и сообраќајната полиција да ги засили своите контроли во сите Општини. Анализирајќи ги овие незгоди можеме да доведеме до заклучок дека скоро сите сообраќајни незгоди кои се случија последниот период се направија на поголемите сообраќајници каде што возачите може да развијат поголема брзина со своите моторни возила. Преголема брзина води кон помала внимателност, помали можности за сопирање на возилото со што на крајот се имаат жртви, повредели лица, уништени возила…

Јасна е потребата да се намали брзината, поточно, оние возачи кои не водат сметка за ограничувањата да се принудат да не возат 40, 50, 70 километри над дозволеното. Полицијата прави обиди со акциски контроли но тоа очигледно не е доволно. Како тоа намалување тогаш да го постигнеме тоа, може ли со физички препреки?

Да, се може со “лежечки“ полицајци на пешачки премини, подигнати пешачки премини, “тесни грла“ т.е. стеснување на одредени точки долж булеварите. Ако се стеснат ќе има забавување на сообраќајот. Полицијата не може да биде 24 часа на улица, но затоа овие пречки се тука секогаш.

Патиштата, како основа на која се одвива сообраќајот, мора да бидат проектирани, изградени, опремени и одржувани со цел да се исполнат нивните намери и барања за безбедност во сообраќајот. Но, кај нас тие барања за безбедност како да се жртвувани во име на побрзо движење на возилата.

Со цел да се исполнат барањата за безбедност во сообраќајот, “органите“ за патишта се обврзани да дизајнираат патишта со тоа што ќе ги исполнуваат сите законски прописи во државата. А возачот е должен да ги почитува и постапува според постоечката сигнализација, без разлика дали тоа би му се допаднало или не му се допаѓало!

Во овој момент Холандија дури се практикува намалување на ширината на одредени сообраќајни ленти (мостови) од 2.85м на 1.95м, проектот се нарекува “мостови на грижата“, овој проект треба целосно да заврши до наредна година 2023.

Патот што го користиме кога управуваме со возило е за секого. Како такви, постојат правила кои сите мора да ги следиме. Патот го делиме со останатите учесници во сообраќајот (нервози, сообраќаен метеж, нетрпеливост итн.) Почитувањето на сите учесници на патиштата е клучно за безбедноста во сообраќајот. Имајќи на ум дека возењето автомобил не е конкуренција, тоа е превозно средство. Однапред испланирано патување ја зголемува безбедноста во сообраќајот. Ако имаме доволно време, помалку сме склони кон стрес, а со тоа помалку изложени на сообраќајни незгоди.

Претходна вестРусија го блокираше Фејсбук
Следна вестКога Владата ќе се сети на Дојран и ќе помогне да излезе од подпросечноста?