Темен режим Режим на светлина

Русија го блокираше Фејсбук

Рускиот државен регулатор во комуникацискиот сектор, Роскомнадзор, соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа.

Роскомнадзор прецизираше дека од октомври 2020 година имало 26 случаи на дискриминација кон руските медиуми на Фејсбук, со ограничен пристап до медиумите како РТ и Риа Новости.

Руското регулаторно тело претходно соопшти дека „евидентира се повеќе случаи на неосновано блокирање на официјалните профили на руски медиуми и функционери на странски интернет платформи“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пензионерите за април, мај и јуни ќе добијат 1.000 денари помош поради светската криза

Следна објава

Кога не може со полицијата, пребрзото возење да се запира со физички пречки