Облачно со дожд и умерен ветер

Времето денеска во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми.

Наместа, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од два до седум, а максималните од четири до девет степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната до шест степени.

Локално, особено во јужните делови, врнежите ќе бидат пообилни (над 35 л/м2), а во петок и сабота ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.

Претходна вестСкопјанец нападнат од својот колега
Следна вестКазнети 102 возачи, осуммина поминале на црвено, петмина не носеле појас…