Облачно со сончеви периоди и натпросечно топло

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

На подрачјето на земјава времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер (на места со брзина околу 80 км/час). Попладне во западните делови од Македонија ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Утре, на последниот ден од оваа година, ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во југоисточните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, па за време на Новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде се уште ќе биде пооблачно со услови за слаб дожд, а на планините за слаб снег. Во петок и сабота времето ќе биде стабилно со услови за слаба магла по одделни котлини.

Претходна вестРаспуст: „Мајкрософт“ останува опција, Националната платформа никој не ја спомнува
Следна вестПремиера на монодрамата на Ѓорѓи Јолевски денеска во МНТ