Темен режим Режим на светлина

Премиера на монодрамата на Ѓорѓи Јолевски денеска во МНТ

Денеска во МНТ премиерно се изведува претставата, односно монодрама „Последната лента на Крап“, во главна улога, режија и продукција на Ѓорѓи Јолевски.

Како што соопштува МНТ тема на претставата е изолацијата и стареењето, кревкоста на сеќавањето, комплексниот однос со технологијата…

– Ова е претстава за осамен човек, изолиран од светот, кој на неговиот 69-ти роденден ги преслушува старите магнетофонски ленти. Меѓу нив една лента има посебно место: таа што се наоѓа во Кутија три – ролна пет. На неа е снимен тој, средовечниот Крап, пред цели 30 години, одамна минато време, каде што зборува за уште подалечни, а клучни настани од својот одамна изминат младешки свет, за изгубената љубов, за смртта на неговата мајка, за илузиите и неуспешната кариера. А стариот Крап, сега има амбивалентен однос кон тоа што го слуша, најави МНТ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

Облачно со сончеви периоди и натпросечно топло

Следна објава

Ги чита ли министерката Царовска реакциите на нејзиниот „концепт“?