Приказната за Норвежанецот од Љубојно спакувана во новиот роман на Горјан Петрески

За Норвежанецот од Љубојно е приказната што се провејува во новиот роман на македонскиот писател Горјан Петревски насловен како „Името ми е Вивиен Ли“.

Романот, што е објавен на крајот на 2020 година, е пишуван според вистината на една тинејџерка а се случува во денешно време. Станува збор за тинејџерката наречена Вивиен Ли и нејзината другарка по име Вероника. Првата преку својата необична љубов кон „Норвежанецот од Љубојно“, запаѓа во незгодни, но и во духовити ситуации. Сето тоа се слева во еден богат сплет на случки и настани кои се вградуваат во структурата на приказната која е врзана со денешново време.

Петревски, (1951) има богат и обемен, главно, тинејџерски опус, со четириесетина прозни и еден поетски наслов („Татковата прва љубов“), како и романот за возрасни „Духот на Михаела Косар“ и „Моите мали вистини“, книга со записи и цртички.

Претходна вестТие метеа улици, тој гледаше: директорот на „Комуналец“ „рамо до рамо“ со вработените за Нова година
Следна вестСончево време, во текот на ноќта врнежи од дожд