Тие метеа улици, тој гледаше: директорот на „Комуналец“ „рамо до рамо“ со вработените за Нова година

Абдусамед Шабани, директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, се пофалил дека новогодишната ноќ ја поминал низ скопските улици заедно со вработените хигиеничари кои работеле.

-Својата благодарност за нивниот труд се обидов да им ја изразам пречекувајќи ја новата година во нивно друштво, на улиците на нашиот град, каде што тие секојдневно во три смени ја одржуваат хигиената и чистотата на највисокото можно ниво, порача тој.

Добро е што директорот отишол меѓу вработените. Тоа ретко кој директор и го прави, обично тие си мислат дека се само за фините работи…

Но едно прашање беше најчесто поставувано на социјалните мрежи откако се објави информацијата: дали и Шабани се фатил за метла?
-Така се бидува пример за граѓаните останати, ако директорот се фати за метла!
-Ако сакаше да им се заблагодариш директоре, што не зема метлата па да видиш како крваво си ги заработуваат платите твоите вработени?!
-Директоре, нема струја на рачката од метлата, си требал да ја фатиш и да си ја заработиш платата!
-Скопје е и онака најнечист град, а тоа е комбинација од лошо менаџирање на комуналните претпријатија, но и лоши луѓе-скопјани кои не сакаат и не се интересираат да си ја чуваат животната средина…

Ова се само неколку од коментарите, чија суштина се повторува и во другите. Додека ги растеме децата важи животното правило дека тие учат од нашите дела, а помалку од нашите зборови. Истото важи и за директорите, тие треба да се пример за вработените, со дела, а не со реченици кои немаат поткрепа во дела.

Претходна вестЖител на Зелениково пронајден мртов
Следна вестПриказната за Норвежанецот од Љубојно спакувана во новиот роман на Горјан Петрески