Облачно со сончеви периоди, температура до 11 степени

Времето во Скопје денеска ќе биде облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.

Претходна вестКазни што си дишеме во врат во кафеана нема, ама без маски на прошетка не мрдајте!
Следна вестФорсираа и се надеваа на други вакцини, но први пристигнуваат руските