Форсираа и се надеваа на други вакцини, но први пристигнуваат руските

Конечно денеска се очекува во Македонија да пристигнат вакцини против Ковид-19 кои не се донација. Имено, со специјален транспорт во земјава попладне ќе пристигне пратка од руските вакцини „Спутник V“ со кои како што е најавено во среда ќе започне вакцинацијата против корона вирусот на околу три илјади граѓани.

Вакцините ќе ги пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин на меѓународниот аеродром во Скопје. Вакцините се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.

Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје најверојатно во среда, изјави министерот Филипче.

Русија најбрзо реагираше на порачката за вакцини од наша страна иако да потсетиме македонските власти долго не одговараа на понудата од Moсква. Целото внимание и очекување беше насочено кон вакцините кои се произведуваат во други држави. Кога ќе стигнат тие, се уште не е прецизирано.

Од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „Спутник V“ се очекуваат 200.000 дози. Најавеное дека овој месец треба да бидат испорачани и 21.000 дози од вакцините на американскиот производител „Фајзер“, а се очекуваат и вакцините од прозиводителот „Астра Зенека“, кои се обезбедени преку Ковакс.

Претходна вестОблачно со сончеви периоди, температура до 11 степени
Следна вест„Дифтарите“ со мотори прават проблеми по скопските улици