Темен режим Режим на светлина

57 санкции за брзо возење во Скопје, 20 возеле пијани

Во рамки на засилените полициски акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, од кои со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови санкционирани се 57 возачи.

МВР информира дека се изречени и 20 санкции за возење под дејство на алкохол, како и 18 мерки за возење без возачка дозвола.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

За 24 часа хоспиталзирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот

Следна објава

Запленет над половина тон дрога на граничниот премин Богородица