Нема место за јавнообвинителско постапување во случајот „Теретана“ кој беше отворен откако во јавноста беа објавени видеа на кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, наводно посетува фитнес-центар додека беа затворени со одлука на Владата.
Ова е одлука која во форма на резолуција ја донело ОЈО Скопје откако извршило анализата на целиот материјал кој бил обезбеден.
-ОЈО Скопје издаде наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во исто време, во својство на сведоци беа испитани повеќе лица. Предмет на анализа беше целокупниот материјал кој што беше обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а беше одземен од деловниот субјект во критичниот период, соопшти Обвинителството.
Притоа, на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани.