Родители до Владата: Промашивте целосно, не е еден месец, не е затекната состојба и имавте доволно време!

Министерката за образование Мила Царовска тврди дека 40 илјади деца за кои е констатирано дека нема да можат да следат онлајн настава бидејќи немаат компјутери, „е состојба која не можела да се надмине во период од еден месец“. Нејзиниот вчерашен настап предизвика нервоза кај дел од родителите кои собраа неколку факти на едно место:

Ја промашивте целосно работата, а имавте доволно време:
– Државниот завод за статистика има точни податоци колку ученици односно домаќинства имаат интернет и компјутери и во кои делови од земјата е најкритично
– На почетокот на март се одлучи вонредната состојба, имавте 7 месеци да зборувате со ДЗС, да одите на терен и да не мислите на парламентарни избори, туку на децата
– Имавте 7 месеци да ја направите платформата или да измислите начин како децата ќе учат физички, како што целиот свет измисли
– Нема да можете да ги обучите наставниците за да стартуваат од 1 октомври
– Да им принтате материјали на оние кои немаат компјутер, како што велите дека ќе им се надомести знаењето, е уривање на нивното уставно загарантирано право на образование со наставник
– Не објаснивте детално кој точно ќе се офајди во џеб од изработувањето на т.н. платформа за учење на далечина?
– Ќе ја уништите интелектуално и едукативно оваа генерација ученици…

Ова се само дел од реакциите на родителите. Колку за потсетување, уште стои револтот и кај средношколците кои имаат конкретни барања а министерството за образование детално не им ги одговори.Тие се заканија дека ќе ја бојкотираат наставата од 1 октомври.

Претходна вестОбвинителството го расчисти случајот: Мицкоски не бил во теретана додека траеше забраната
Следна вестРисимкин и Данчевска екслузивни гости во Анкара на покана на „Соло танц фестивал“