Од 208 казнети возачи секој втор бил мотоциклист

На територија на град Скопје изречени се вкупно 208 мерки, меѓу кои и 99 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина изречени биле 29 санкции а имало и 12 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник…, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

 

 

Претходна вестПретпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следна вестРКЕ ќе открие какво скалесто тарифирање планира во сметките за струја