Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.