Од 606 станови во Скопје кои добија дозвола за градба во февруари 537 се во Карпош

Изградбата на нови станови на скопското подрачје најмногу се концентрира на подрачјето на општина Карпош, покажуваат статистичките податоци за февруари оваа година. Државниот завод за статистика денеска соопшти дека во февруари биле издадени дозволи за градба на 606 станови во скопскиот регион.

– Од нив 537 се во Карпош, 35 во Центар, 13 во Ѓорче Петров, шест во Сопиште…, соопшти ДЗС.

Инаку, во февруари годинава се издадени 387 одобренија за градење во Макеоднија, што е за 9,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Предвидена е изградба на 951 стан, од кои 606 се во Скопскиот регион.

По региони најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 123, од кои 66 се во општина Карпош, 12 во Илинден, по девет дозволи има во Гази Баба, Петровец и Сопиште, осум во Чучер Сандево, шест во Центар. Следуваат Југоситочниот регион, 57 одобренија, Полошкиот, 56, Вардарскиот, 44, Источниот, 32, Југозападниот, 30, Североисточниот, 28, како и Пелагонискиот, каде се издадени најмалку одобренија, 18.

Од предвидените 951 стан за изградба, во  Скопје се 606, а во другите градови 84 станови се планирани во Гостивар, 76 во Струмица, 75 во Охрид…

Инаку, многу скопјани веќе подолг временски период алармираат дека Скопје прекумерно се бетонизира за сметка на зелените површини.

 

Претходна вестЗголемената вакцинација го намали бројот на заболените од голема кашлица
Следна вестСтотици деца питачат по улиците, проблемот е далеку од решен