Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.

Штрајкот нема да се прекине до моментот кога ќе се исплатат платите и додатоците од јануари и февруари, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП, Иван Пешевски.

Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

Претходна вестЕдноставна процедура за добивање работна дозвола за единствениот пазар на „Отворен Балкан“
Следна вестПендаровски кажа услов за да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ, ама не кажа…