Пендаровски кажа услов за да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ, ама не кажа…

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, тргнува во предизборна трка за нов мандат. Не го обесхрабруваат анкетите на кои се гледаше дека има многу, многу мала поддршка од граѓаните. Напротив, тој синоќа на Конгресот на СДСМ истакна и дека ќе победи на изборите.

-Мојата проценка е дека не само на претседателските, туку и на парламентарните избори, СДСМ и коалицијата, ќе ја направат коалицијата која ќе ја води Македонија во следните 4 години. Значи, јас очекувам двојна победа, истакна Пендаровски.

Во таквата победничка еуфорија тој кажа и еден услов под кој би се зачленил во ВМРО-ДПМНЕ:

-Ако успеат да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците кои се таму во огромен број да бидат признаени како национално малцинство, јас ќе бидам првиот кој ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ. И станува збор за детски муабет, посочи Пендаровски.

Во говорот не се одгатна дилемата како тој ќе им помага на онеправдените Македонци во Бугарија за кои ете посочи дека постојат во огромен број. Во неговиот говор не се одгатна и дилемата дали има сознанија – би сакала ли ВМРО-ДПМНЕ тој да е нивен член.

Претходна вестОд 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“
Следна вест„Вибер“ добива нова опција што може да им се допадне на многумина