Од денес Саем за мебел во Скопје

Од денес па до втори април во комплексот „Борис Трајковски“ се одржува Саемот за мебел. На оваа манифестација годинава се претставуваат повеќе од 40 излагачи со 80 брендови.

Организаторите најавија богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, декоративни подлоги и елементи…, како и  атрактивни саемски попусти.

Саемските експонати можат да се видат во предвиденото работно време од 10.00 до 20.00 часот, а ќе се одржи во Комплекс – „Борис Трајковски“. Билетите се со цена од 120 денари, додека групната или семејна влезница е 100 денари по лице.

Претходна вестНад два милиони демонстранти во Франција, имало судири со полицијата
Следна вестФудбалерот Мирчевски, еден од петмината херои, кои си го ризикуваа животот за да спречaт катастрофа на пат во Србија!