Од денеска до 12 октомври основци и средношколци од земјава и од странство ќе учествуваат на филмскиот фестивал за деца „Џифони Македонија“.
Фестивалот ќе се одржи во просториите на Кинотека и Младинскиот културен центар во Скопје, а предвидени се разни филмски проекции, дискусии и креативни работилници. За разлика од претходната, оваа година учеството на фестивалот делумно ќе се одвива со физичко присуство, а делумно онлајн. Физички ќе присуствуваат околу 180 ученици од основните и средни училишта.
На програмата ќе има 17 играни филмови, 28 кратки филмови во официјална селекција и програма ќе се одвива секој ден – проекција, па дискусија, па работилници. Најактивните џифонци ќе добијат награда да патуваат во Џифони на италијанското издание на фестивалот во 2022.