Oд вечерва на полноќ малопродажната цена на Дизел горивото се намалува за 0,50 денари по литар, реши денеска Регулаторната Комисија за енергетика. Со ова, од утре литар дизел ќе се продава по цена од 52,00 денари.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат односно стануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година.
-Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 61,00 дененари за литар а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 63,00 ден/литар, информира Регулаторна комисија.