Oд ноќеска мало поевтинување на дизелот, бензинот по стара цена

Oд вечерва на полноќ малопродажната цена на Дизел горивото се намалува за 0,50 денари по литарреши денеска Регулаторната Комисија за енергетика. Со ова, од утре литар дизел ќе се продава по цена од 52,00 денари.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат односно стануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година.

-Со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 61,00 дененари за литар а малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 63,00 ден/литар, информира Регулаторна комисија.

Претходна вестМалолетник нападнат од неколку лица во Градскиот парк
Следна вестАко еден Луна парк не можат да направат, тогаш за нов Клинички центар…