Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто, денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е В) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува з,267 денари/кг и сега ќе изнесува 44,019 денари/кг.
Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 82,50 (денара/литар), моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 84,50 (денари/литар), дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) – 76,50 (денари/литар), масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар) и „мазут М-1 НС“ – 44,019 (денари/килограм).