Oхриѓанката што падна од тераса била турната, двајцата осомничени добија кривични пријави

Намерно турната била триесет и деветгодишната жена, која во петокот падна од тераса на трети кат од зграда во Охрид, соопшти полицијата.

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид денеска соопшти дека поднел кривична пријава против А.Д. (32) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид. Кривична пријава е поднесена против уште едно лице, 21-годишниот Е.М., кој е осомничен за помагање.

-Првопријавениот А.Д. во петокот (8 март) околу 11:30 часот по претходна расправија ја турнал 39-годишната М.О. од терасата на стан на улицата „Карпош Војвода“ во градот, инаку сопственост на второпријавеното лице, соопштува полицијата.

Жената по падот, како што информираа од полицијата со тешки повреди е хоспитализирана во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

Инаку, двајцата осомничени беа приведени по настанот, а денеска против нив се поднесени и кривични пријави.

Претходна вестОд ноќеска на полноќ горивата минимално поевтинуваат
Следна вестСтолтенберг: Украина не смее да се предаде, тоа би било трагедија