Одлука со која од ноќеска на полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
-Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,107 ден/кг и сега ќе изнесува 46,661 ден/кг, соопшти Комисијата.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.