Од понеделник исплата на априлските пензии – порано поради празниците

Oд понеделник – 26 април почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе биде во четири групи, според висината на пензијата – а пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник 26 април, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари, исплатата ќе биде во вторник, пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари ќе бидат исплатени во среда, а пензиите над 18.001 денари ќе се исплаќаат во четврток.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник – 26 април.

Од Министерството за труд и социјална политика апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Претходна вестБројот на хоспитализирани со ковид генерално се намалува, но во Скопје има нови 52
Следна вестМојсовски: Три милиони евра за непречено спроведување на активностите на спортистите