Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1 581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопштија од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид- центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 639 лица сомнителни и потврдени на новид -19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 10 билe примени на Инфективната клиника, во Козле билe примени 4, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 132 пациенти, а на Клиниката за инфективни болести 146, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид – 19 и исто толку мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 пациенти со ковид.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.