Oд струен удар загина 65-годишен маж во Кисела Вода

Синоќа во 19.40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат М.Т.(65) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, при што е утврдено дека причина за смртта бил струен удар.

Претходна вестСилјановска – Давкова му кажа на Зеленски дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство
Следна вестСончево и топло со мала до умерена облачност