Од утре до 22 ноември се одбележуваат 50 години од македонскиот анимиран филм

Од 10 до 22 ноември во МКЦ се одбележуваат „50 години македонски анимиран филм“.

Отворањето е резервирано за првиот анимиран македонски филм „Ембрио № M“, а во исто време ќе бидат отворени изложби во двете галерии на МКЦ „Македонски анимиран филм 1971 – 1991 и „Сцената денес“.

„Ембрио №. M“ филм на Петар Глигоровски, е направен пред 50тина години. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација.

По „златната доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред околу 10-тина години, новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање на нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на македонскиот анимиран филм на европските и светските фестивали.

Претходна вестКаква порака му упати Ахмети на Заев преку средбата со Мицкоски?
Следна вестВо Скопје санкционирани 86 возачи