Темно Режим Светло Режим

Од утре не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 години, мажи со/над 64 години) во вторник, петок, сабота и недела, соопшти денеска ЈСП „Скопје“.

Одлуката доаѓа по неодамнешното обновување на правото на бесплатно возење на пензионерите а што предизвика критики во јавноста заради опасноста од ширењето на корона вирусот.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Advertisement

Инаку, и скопјани на време апелираа дека не треба да се дозволи бесплатното возење на пензионерите оти постои ризик од ширење на заразата, но немаше кој да ги послуша.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Бујар Османи: Денешната бројка на заразени е уште повознемирувачка

Следниот Пост

Директорка на УЈП Лукаревска позитивна, а се повеќе функционери во изолација заради вирусот