Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе в понеделник наутро од 08:20 до 10:30 часот во спортската сала „Борис Трајковски“.
Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест.
Сите 631 новинари и медиумски работници имаат добиено информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси кои беа доставени од редакциите до ЗНМ и ССНМ при пријавувањето.
Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.
Истото важи и за сите оние кои се пријавија после истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата.