Во Скопје како на рели: Половина од казните вчера се за пребрзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, од кои повеќе од половина – 78, се за пребрзо возење.

Единаесет седнале зад волан без возачка дозвола, тројца имале технички неисправни и нерегистрирани возила, а казни има и за користење мобилен телефон (14) и 17 за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат  граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се даде придонес за посигурни патишта

Претходна вестОд утре вакцинација и на новинарите – првите 631 веќе добиле термини
Следна вестОн-лајн петиција против изградбата на облакодери спроти „Холидеј Ин“