Од утре зонското паркирање ќе се наплаќа од 7 до 23 часот

Од утре, сабота, паркирањето во зоните на Градски паркинг ќе се наплаќа до 23 часот, а не како во изминатите месеци до 21 часот.

Во соопштението на претпријатието Градски паркинг- Скопје се вели дека од утре, 1 јуни, започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање.

Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до сабота наместо од 7 до 21 часот од утре ќе биде од 7 до 23 часот, додека во зоната Д останува како и досега во истиот временски интервал до 23 часот

-Апелираме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време, се вели во сооппштението.

Претходна вестВо првиот квартал природниот прираст во негатива од 1.567 лица
Следна вестЈа отворил вратата од возилото и удрил велосипедистка