СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 13.02.2023 во населба Карпош во Битола, полициски службеници извршиле преглед над лице од Битола и кај него пронашле марихуана, која ја набавил од пријавениот. После тоа, бил извршен претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.М.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 14.07.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.