Одземени знамиња со сонцето од Кутлеш, „Немате толку обезбедување колку што имаме знамиња“, порачаа македонските навивачи

Обезбедувањето на влезот во салата во Берлин каде вчера на Европското ракометно првенство играа Германија и Македонија, им одземаше знамиња со сонцето од Кутлеш. „Немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња“, порачаа македонските навивачи

– Знамето со 16те краци беше забрането на натпреварот и обезбедувањето ги одземаше на влезот. Но немате толку обезбедување колку што имаме ние знамиња. Затоа следниот натпревар ќе има уште повеќе знамиња во сала. Проклети да се предавниците, порача еден од најверните навивачи на македонската репрезентација, Наце Митев.

Поранешното знаме на Македонија, односно знамето со сонцето од Кутлеш е присутно кај македонските навивачи секогаш кога нашата репрезентација, па поради тоа несфатлив е потегот на домаќинот да го забрани неговото истакнување на трибините во Берлин.

Претходна вестМилошоски: Ковачевски се прави дека не гледа дека снаата на Груби, сестрата на Османи и синот на Ејуп Алими се вработени во М-НАВ
Следна вестЗошто МПЦ-ОА крие што преговара со Вселенската патријаршија?