Ограбени две обложувалници во Скопје

На 08.06.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во населба Ченто во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така вчера во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница  на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје, едно лице со закана кон вработените одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестЃоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во финалето на Ролан Гарос
Следна вестПроменливо облачно, попладне локален пороен дожд