Променливо облачно, попладне локален пороен дожд

Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 19 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град. Температурата изутрина ќе изнесува 15 додека преку ден ќе достигне 28 степени.

Претходна вестОграбени две обложувалници во Скопје
Следна вестХерој кого не го прогласија за херој: Димката Ангелов-Габерот загина штитејќи другар партизан при бугарска заседа