Охриѓанка го оставила своето дете и си заминала

Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете. Таа го оставила детето само во куќата во која живееле, без храна и надзор.

Според информациите на СВР-Охрид, вчера во полиција телефонски било дојавено дека 39 годишна охриѓанка, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.

Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.