ОЈО отвори предмет за набавката на софтверот на Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас за набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“, направено во времето кога генерален секретар на Влкадата беше Драги Рашковски за што деновива се пишува во медиумите.

-Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопштија од ОЈО.

Во меѓувреме, од Министерството за внатрешни работи до обвинителството е доставено известување во врска со нивното постапување во случајот.​

Рашковски деновиве е во фокусот на јавноста по избувнувањето на аферата во која генералниот секретаријат на Владата купил неговиот софтвер, ама со народни пари, што требало да го користи МВР. Меѓутоа, набавката веќе осум месеци стои неискористена бидејќи МВР „ниту знаело за набавката ниту планира да ја користи“.

Рашковски за медиумите потврди дека е на одмор во Мексико и дека тоа го направил во чест на роденденот на неговата сопруга.

Претходна вестИницијаторите се откажаа од вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март
Следна вестПациенти со ковид-19 ќе се примаат и на Кардиологија и на Пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции