Пациенти со ковид-19 ќе се примаат и на Кардиологија и на Пластична хирургија, во „8 Септември“ само итни операции

Поради зголемениот број пациенти со ковид на кои им е потребно болничко лекување, тие ќе се сместуваат и на други клиники во склоп на Клиничкиот центар во Скопје, а се зголемуваат капацитетите и во ГОБ „8 Септември“.

Клиниката за пластична хирургија и и Клиниката за торакална хирургија ќе можат да примат 50 пациенти, а исто толку наскоро ќе можат да се сместат и на Кардиологија.

И додека на Клиниката за торакална хирургија ќе се продолжи со нормална работа за итни случаи, но со редузирани хируршките интервенции, како итни операции и операции на малигни состојби, делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата „Св. Наум Охридски“.

Пред неколку дена и Ургентен почна да прима ковид пациенти.

Во ГОБ ‘8 Септември’ ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид-пациенти. Во болницата ќе се намали хируршката програма и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести, кои се неодложни.

Проблем со сместување на во ковид-одделите во внатрешноста, каде капацитетите во болниците не се оптоварени, велат од Министерството за здравство.

Претходна вестОЈО отвори предмет за набавката на софтверот на Рашковски
Следна вестВ сабота доаѓа снегот