НБА станува се понеинтересена, Ол-стар натпреварот со најмала гледаност до сега

Се намалува популарноста на „ол стар“, натпреварот во НБА лигата кој долго време важеше дека е во првите најгледани спортски настани во светот. Овој натпревар е критикуван дека нема никаква поента кога никој не игра никаква одбрана.

Според „Спортс Медија Воч“, годинешниот ол-стар го гледале само 4,59 милиони луѓе, никогаш во историјата на ваквите настани немало помала гледаност, но тоа што најмногу загрижува е веќе континуираниот пад на гледаноста во последниве години.

Лани, нешто помалку од пет милиони луѓе го гледале ол-старот, а претходната година едвај шест милиони луѓе во САД. Минатата сезона рејтингот на настанот беше 3,1, а бројот на гледачи 6,28 милиони.

– Чест е да се биде тука, да се биде дел од сјајен викенд, ама ова беше најлошиот кошаркарски натпревар во историја, критички рече Мајк Мелоун, кој го предводеше тимот на Леброн.

Мечот заврши со 259 дадени поени, со резултат 184-175 за тимот Јанис.

Инаку, според многу спортски аналитичари НБА се повеќе се претвора со спортски циркус и забава отколку во вистинско спортско натпреварување. Дали најдобрата кошаркарска лига во светот ќе се врати на старите патеки останува да се види.

Претходна вестКонечно се сетија: Загубените часови поради бомбите, школите дневно ќе ги надоместуваат онлајн  
Следна вестРазрешени се министрите од Алтернатива, Сали со 65 гласа, Чупи и Реџепи со 64