Разрешени се министрите од Алтернатива, Сали со 65 гласа, Чупи и Реџепи со 64

Министерот за здравство Беким Сали, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор Џемаил Чупи, од редовите на Алтернартива, денеска се разрешени од функциите во македонскиот парламент. Беким Сали разрешен од функцијата со 65 гласа „за“, против и воздржани немаше, додека за разрешувањето на Алити 64 пратеници гласаа „за“, а за Џемаил Чупи , 64 пратеници гласаа „за“ , 1 беше против.

Според сознанијата, независниот пратеник Скендер Реџепи гласаше за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не и за разрешувањето на министрите за информатичко општество и администрација и за дијаспора  Адмирим Алити и Џемаил Чупи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ иако беше присутна во салата не гласаше за разрешување на министрите од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.

Пратениците ја почнаа расправата по втората точка,  за изборот на новите министри предложение од Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

-За избор на членови на Владата дискусијата е заедничка, а гласањето е поединечно, рече претседателот на СобраниетоТалат Џафери.

На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Претходна вестНБА станува се понеинтересена, Ол-стар натпреварот со најмала гледаност до сега
Следна вестПендаровски објасни за карикатурата и храброста да си поставиме прашања…