Темен режим Режим на светлина

Aвтобус излетал од патот Битола-Прилеп, повредени 11 лица

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Едно лице е потешко, а други 10 полесно повредени при сообраќајка на патот Битола-Прилеп. До несреќата, која се случила вчера дошло откако автобус излетал од патот.

– На 22.02.2023 во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А.(50) од Битола, излетал од коловозот.

Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од МВР.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пендаровски објасни за карикатурата и храброста да си поставиме прашања...

Следна објава

Нови документи: Папата знаел дека свештеник силувал деца, но молчел