Олимпијада во услови на пандемија: Се спрема карантински хотел за заразени спортисти

Олимписките организатори во Токио ќе подготват 300 хотелски соби за спортисти позитивни на корона вирусот за време на Игрите, односно за оние кои ќе бидат асимптоматски или ќе покажуваат само слаби знаци на болеста.

Организаторите планираат цел хотел за позитивни спортисти на неколку километри од олимпиското селошто ќе чини неколку милиони долари.

Спортистите позитивни на корона вирус и другите учесници на Игрите на кои нема да им биде потребна болничка грижа ќе останат во десетдневен карантин во хотелските соби, а медицински лица секојдневно ќе се грижат за нивното здравје.

Според претходно усвоениот протокол, олимпијците во Токио ќе се тестираат на ковид-19 на секои четири дена. 

Претходна вестУЕФА бара истрага за наместени натпревари во Србија
Следна вестДенеска 687 новозаразени, но затоа дури 46 починати од ковид