ОМО Илинден-Пирин: Полицијата во Бугарија не дозволи Македонците да веат македонски знамиња

Владата на Бугарија ја искара Македонија за вчерашните случувања во нашата земја околу одбележувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Но, во исто време Македонците во Бугарија се жалат дека бугарската полиција не им дозволила да веат македонски знамиња во Благоевград.

Од ОМО Илинден-Пирин појаснуваат дека полицијата не им дозволила да го веат знамето со ѕвездата на Кутлеш, знамето на ОМО Илнден – ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода.

– И покрај тоа што Македонците ѝ кажаа на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата забрани, „да немаме никакви проблеми, ниту вие, ниту ние“, додаваат од здружението.

Прославата во чест на Гоце Делчев продолжи во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Но и од таму стигнаа вести дека синоќа клубот бил каменуван.

Претходна вестКаменуван новоотворениот македонски клуб во Бугарија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со прославата на Делчев, покажува системска неспособност