Општина Центар ќе ја проверува сопственоста на земјиштето на кое денес избувна пожар

Како општина ќе ја провериме сопственоста на земјиштето на кое денеска избувна пожар, најави градоначалник на Центар Горан Герасимовски.

Тој додаде дека Општина Центар е во постојана комуникација со МВР и Против пожарната служба кои денеска интервенираа при гаснење на пожарот позади Билната аптека кај Стара рампа во Кисела Вода.

-До Општината, пред неколку месеци, до инспекциските служби пристигна известување дека во тие бараки диво има населено семејство. Од страна на службите се преземени чекори за семејството да биде иселено од просториите. Имаме информации дека тоа неколку месеци било диво вселено во просториите, но додека не заврши истрагата не сакаме да прецизираме кои се причините за настанување на пожарот. Ние како општина ќе ја провериме сопственоста на земјиштето, рече Герасимовски.

Тој истакна дека ова е трет пожар на територија на Општина Центар откако е тој градоначалник. Едниот се случи во Парк, каде се запалија бараките на Судот, вториот во Треска и ова е сега трет пожар.

Општина Центар упатува искрена благодарност до екипите на Против пожарната служба за брзата интервенција и брзото локализирање на пожарот. По информациите од надлежните институции во однос на причините и околностите под кои настанал пожарот Општина Центар веднаш ќе ја информира јавноста.

Претходна вестЗа последните три дена 173 новозаболени од Ковид-19, тројца починати
Следна вестПолицијата ќе ги попречува тепачките меѓу средношколците во Гази Баба