За последните три дена 173 новозаболени од Ковид-19, тројца починати

Во последните 3 дена (од 16.09 до 18.09.2022) направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 123, Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (173), регистрирани се 46 реинфекции а регистрирани се 186 оздравени пациенти.

-Во овој период пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата сепочинати во болнички услови, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 342.248, бројот на оздравени пациенти е 332.051, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 673.

Претходна вестПодмладената Македонија У21 ги започна подготовките за турнирот во Хрватска
Следна вестОпштина Центар ќе ја проверува сопственоста на земјиштето на кое денес избувна пожар