Општина Гази Баба ќе донира финансиски средства за семејствата на настраданите во несреќата

Втор ден од трагичната несреќа  со македонскиот автобус во Бугарија. Со цел да се помогне на семејствата на загинатите патници денеска реагирал и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој поднел барање до претседателот на Советот на општината за оддржување на седница на Советот со цел да се донесе одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа.
Ова градоначалникот Стефковски го потврди преку Фејсбук:
-Во овие тешки моменти на жалост во Република Македонија, солидарноста и хуманоста треба да бидат водилка за сите нас. За таа цел, утрово поднесов барање до претседателот на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска за оддржување на седница на Советот на која предлагам донесување на одлука за доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.
Со ова општина Гази Баба ќе се приклучи на хуманитарната акција организирана од Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите, напишал градоначалникот.
Претходна вестПриведен малолетник од Скопје, извршил разбојништво
Следна вестДвајца од повредените веќе се оперирани, ќе се оперираат уште две лица