Двајца од повредените веќе се оперирани, ќе се оперираат уште две лица

Во стабилна здравствена состојба се седумината повредени патници кои ја преживеаја тешката сообраќајна несреќа на македонскот автобус вчера на автопат во Бугарија. Лекарите од болницата „Пирогов“ каде што се лекуваат тие изјавија дека нема опасност по нивните животи и дека се вршат неопходните медицински зафати.

-Извршени се потребните итни интервенции. Вчера беа направени две операции. Еден опериран пациент имаше скршеница на потколеницата. Уште една од жртвите била оперирана поради скршен зглоб на коленото. Пациентите ја поминаа ноќта мирно, објасни д-р Маја Аргирова, раководител на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

За денеска се очекуваат уште две операции – на маж со длабока изгореница на двете раце и на 16-годишна девојка која има повреда на десното колено.

-Сметам дека оние кои се во стабилна состојба и имаат можност, во следните денови ќе можат да си заминат, но таа одлука се уште не сме ја донеле. Еден од нив има длабоки изгореници на двете раце, што треба да се оперира, а на едно девојче треба да му биде оперирано десното колено. Состојбата им е стабилна, изјави проф. д-р Аргирова.

Таа додаде дека психолозите работат со жртвите и дека еден од пациентите има тежок психички шок.

На Клиниката за изгореници и пластична хирургија во Бугарија се примени шест пациенти, а еден пациент е на Клиниката за трауматологија.

Претходна вестОпштина Гази Баба ќе донира финансиски средства за семејствата на настраданите во несреќата
Следна вестМинатата недела за 8,9 отсто помалку новозаразени од Ковид-19