Приведен малолетник од Скопје, извршил разбојништво

На 23.11.2021 во 19.50 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој бил затекнат при извршување разбојништво во продажен објект.

Одземениот промет веднаш бил вратен во касата, а од него бил одземен ножот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Претходна вестЗа една недела 235 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Следна вестОпштина Гази Баба ќе донира финансиски средства за семејствата на настраданите во несреќата