Oпштина Карпош со по 3.000 и 5.000 денари ќе субвенционира купување на велосипеди и тротинети

Жителите на скопската општина Карпош од денеска ќе можат да поднесуваат барања за добивање на општински субвенции од по 3.000 и 5.000 денари за купување на велосипеди и тротинети. Со вкупен фонд од 700.000 денари (околу 11.300 евра) што ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош ќе субвенционира набавка на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Ќе се субвенционира до 30 отсто од цената за нов велосипед, односно најмногу до 3.000 денари, како и за купување на е – тротинет и е – велосипед до 30 отсто од цената или најмногу до 5.000 денари.

Право на субвенционирање има секој полнолетен жител на општината, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет и електричен велосипед започнувајќи од денес, 21 март. Акцијата ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“.

Сите заинтересирани треба да достават неколку документи како што се барање за субвенција, изјава за согласност за обработка на лични податоци, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка и фискална сметка за купен велосипед или електричен велосипед и тротинет не порано од 21 март. Право на учество немаат оние граѓани кои веќе добиле субвенција од Град Скопје за тековната година.

Претходна вестЕлектрична енергија ќе се добива и од растенија
Следна вестЗатвореници во Идризово ископале тунел за да побегнат